ИГРАЧОТ НА У23 СПОРТИНГ СЕ НАДЕВА НА БОДОВИ ОД ТУЛА

Митровски: Русија е фаворит, а ние нема што да загубиме!

Македонската репрезентација до 21 година утре во Тула на стадионот „Арсенал" ќе го игра квалификацискиот натпревар против Русија од циклусот за ЕП 2019 година.

објавено: 11 октомври 2018 - 19:00

Во продолжение изјавата на фудбалерот Димитар Митровски (член на португалскиот тим У23 Спортинг Лисабон во пресрет на утрешниот меч, претпоследен во овие квалификации.

„Русија е фаворит, се борат за место на Европското првенсто, а ние нема што да загубиме. Во тимот има одлична атмосфера, немавме спортска среќа на последните два натпревари против Србија и Ерменија и се надевам дека тоа сега ќе се смени. Квалитетни сме, веруваме во нашите можности, добро се подготвувавме и целта е да се надигруваме со Русија и да се обидеме на освоиме бодови", рече Митровски.

Во групата 7 води Србија со 24 бодови, пред Австрија (18), Русија (16), Ерменија (осум), Македонија (четири) и Гибралтар (три).

Најново во Фудбал