БЛАГОЈА МИЛЕВСКИ СЕЛЕКТИРАШЕ ЗА ЕРЕВАН

Младите не навикнаа на успеси, против Ерменија почнува нов поход на ЕП

„Ерменците форсираат брз и динамичен фудбал и не очекува тежок прв меч на гостински терен. Ќе ни недостасува Елиф Елмас, кој е повикан во А селекцијата. Сите што се на списокот го заслужија повикот“, изјави на денешната прес-конференција, Благоја Милевски. 

објавено: 23 август 2017 - 12:21

Селекторот на младата репрезентација, Благоја Милевски го објави списокот за квалификацискиот натпревар за ЕП во Италија против Ерменија. Предводникот кој со претходната генерација го направи најголемиот успех во историјата на овој спорт на петти септември во Ереван почнува нов поход за пласман на континенталното натпреварување.  

„Не очекува премиерен меч со Ерменија на 5. септември. Сите што се на списокот го заслужија повикот. Сите што се стандардни во своите клубови ќе бидат во комбинација. Пак ќе ги имаме истите проблеми, барем така наликува. Да имаме играчи кои се одлични во дресот на националниот тим, а не добиваат шанса да играат во своите клубови. Имаме и проблеми од поинаков вид. Петковски, Јефтовски и Н' Сомбо се надвор од строј поради повреди, или немаат клуб“, изјави Милевски на денешната прес-конференција.

Предводникот на фудбалерите до 21 година, истакна дека Ерменците играат динамичен фудбал и дека ги очекува тежок дуел, пред се зошто мечот го играат на гостински терен. Милевски истакна дека во тимот ќе недостасува Елиф Елмас кој доби повик во А селекцијата. 

Ерменците форсираат брз и динамичен фудбал и не очекува тежок прв меч на гостински терен. Ќе ни недостасува Елиф Елмас, кој е повикан во А селекцијата. Таков профил на играч ни треба, но ја почитуваме одлуката да биде повикан во А составот“.

Покрај Македонија и Ерменија, во квалификациската група за ЕП 2019 година, се и селекциите на Австрија, Русија, Гибралтар и Србија.

 

Најново во Фудбал