СЕЛЕКТОРКОТ АНГЕЛОВСКИ СО ТРИ НОВИ СТАРТЕРИ

Мрме без ризик, со сите расположиви сили!

Во почетната формација на Игор Ангеловски се најдоа неколку нови играчи. По дуелот во Торино, новитети во првите 11се: Ѓоко Зајков, Кире Ристевски, и Александар Трајковски...

објавено: 9 октомври 2017 - 19:45

Селекторот Игор Ангеловски не експериментираше, она што го најавија медиумите, тој состав е и стартен.

Вечерва со

Лихтенштајн почнуваме во формација 4-4-2. На голот е Димитриевски, во одбраната се Ристовски, Муслиу, Зајков, кој влета на местото на Велковски, и Ристевски, во средниот ред пак тука се стрелецот на голот во Торино, Трајковски, Хасани, Барди, Алиоски, додека во нападот се Пандев и Несторовски.

Најново во Фудбал