ИГОР АНГЕЛОВСКИ ПРЕД УТРЕШНАТА ЖДРЕПКА

Мрме ја „одбра“ Македонија (ФОТО)

Селекторот на нашиот национален тим, Игор Ангеловски е во Лозана каде утре на пладне „во живо" ќе следи со кого тоа Македонија ќе се падне во Лигата на нации во сегментот „Д".

објавено: 23 јануари 2018 - 21:20

Селекторот на нашиот национален тим, Игор Ангеловски е во Лозана каде утр ена пладне „во живо" ќе следи со кого тоа Македонија ќе се падне во Лигата на нации во сегментот „Д".

Во Швајцарија Ангеловски замина со замисла Македонија да обезбеди пласна во плеј-офот од новото натпреварување кое го реализира УЕФА.

„Не е тајна, ова е голема шанса за Македонија да оствари еден добар резултат за паметење. Целта е пласман во плеј-офот а со малку среќа и нешто поголемо. Нема лесни и наивни ривали во Лигата на нации, сите мора да се респектираат. Но, секако дека треба да се респектира и нашата репрезентација, треба да се респектира и Македонија"- истакнува Ангеловски.

Во сегментот „Д" во Лигата на нации, Македонија е сместена во најдобриот пот или „А" групата и тоа заедно со Азербејџан, Белорусија и Грузија. И со нив може да играме само во плеј-офот или во финалниот меч за пласман на ЕП. Македонија од втората група може да се падне со Ерменија, Летонија, Ф. Острови и Луксембург.

Најново во Фудбал