ДЕФАНЗИВЕЦОТ НА ШКЕНДИЈА СО СЕРИОЗНА ПОВРЕДА

На Лихтенштајн без Бејтулаи

Дефанзивецот на Шкендија има повреда на мускулот, утре ќе се знае дефинитивно колку време ќе паузира. Селекторот Ангеловски место него и Хасани, веројатно ќе ги повика Тошевски, Зајков и можеби Спировски

објавено: 18 март 2017 - 20:59

Повредата на мускулот на Егзон Бејтулаи, заработена на денешниот меч со Брегалница во Штип, значи дека одличниот дефанзивец на Шкендија не ќе може да настапи на дуелот со Лихтенштајн во петок во Вадуц. Во текот на утрешниот ден ќе се знае, откако врз него ќе биде извршен детален докторски преглед, колку време ќе биде надвор од зелените терени. Ова значи дека по Ферхан Хасани, исто од Шкендија, селекторот Игор Ангеловски не ќе може да смета и на услугите на Бејтулаи за дуелот во Вадуц.
Токму затоа во текот на следниот дек Ангеловски веројатно ќе испрати повик до Кристијан Тошевски, Ѓоко Зајков и можеби Стефан Спировски кој денеска играше со лонгета на раката.

Најново во Фудбал