Хероите ќе имаат одлични услови во Полска

Наше ќе биде и Сопотско поле (ФОТО)

Младата македонска репрезентација ќе има одлични услови и сместување во првата фаза од Европското првенство во Полска, што ќе се одржи од 16. до 30. јуни годинава

објавено: 23 февруари 2017 - 08:55

Младата македонска репрезентација ќе има одлични услови и сместување во првата фаза од Европското првенство во Полска, што ќе се одржи од 16. до 30. јуни годинава.

Хотелот „Мера Спа“ во Сопот ќе биде базата на нашите спортски херои, фудбалска генерација која за првпат ја одведе Македонија на големо натпреварување.

Сопот е многу блиску до Гдиња, еден од двата градови домаќини на Групата Б, во која се најде македонската репрезентација за играчи до 21 година, заедно со Португалија, Шпанија и Србија.

Два од трите натпревари ќе ги играме токму во Гдиња, на 17. јуни против Шпанија во дебито на Европските првенства и шест дена подоцна со Португалија. Двата натпревари се закажани во вечерен термин од 20,45 часот.

Со Србија ќе ги одмериме силите на 20. јуни во Бидгошч од 18 часот.

Најново во Фудбал