Не ни оди во седмата група

Наведнавме глави, без таленти „прави“ (Фото)

Немаме екстра-таленти, барем не доволно за да играме рамноправно во новиот циклус на натпревари за пласман на ново Европско првенство за играчи до 21 година, а денеска против Австрија загубивме со 0:4, а стравуваме и од потежок пораз

објавено: 14 ноември 2017 - 16:30

Немаме екстра-таленти, барем не доволно за да играме рамноправно во новиот циклус на натпревари за пласман на ново Европско првенство за играчи до 21 година, а денеска против Австрија загубивме со 0:4, а стравуваме и од потежок пораз. 

Гостите апсолутно не надиграа и стравувавме и од потежок пораз. Во игра со многу грешки, лесно наведнавме глави и покажавме дека немаме таленти „прави“. Тоа впрочем го призна и селекторот Благоја Милевски, со најава дека од март кога е следниот квалификациски меч, неколку репрезентативци кои ги истрошија кредитите нема да бидат повикани во националниот состав. Денеска против Австрија го немаше ниту потребниот жар, борбеност и квалитет кај дел од играчите, неопходен за да се носи дресот со национални обележја.

 Сега следува потешкиот дел, да се сопрат поразите и да се побегне од дното во седмата квалификациска група. Пред нас е Гибралтар, селекција која си запиша и историја со победа од 1:0 против нас. Мисијата веќе не е пласман на ЕП, тоа е невозможно, а добро би било да се најде рецепт за нов баланс во селекцијата до 21 година, која со претходната генерација и донесе многу радост на Македонија.

Најново во Фудбал