Го демантира раководството на Вардар со голови

Не му пречи клупската казна - Филип Стојчевски не игра за Вардар, погодува за Македонија

Филип Стојчевски е еден од казнетите во Вардар со преселба во младинскиот погон, но тоа не му пречи на терен да ги потврди своите квалитети. Талентот на Вардар не сака да го продолжи договорот со клубот и не ги прифаќа понудените услови од раководството, а денеска со гол за Македонија и со добра игра покажува дека вреди и дека може да игра за А составот на „црвено-црните“

објавено: 27 февруари 2018 - 14:29

Филип Стојчевски е еден од казнетите во Вардар со преселба во младинскиот погон, но тоа не му пречи на терен да ги потврди своите квалитети. Талентот на Вардар не сака да го продолжи договорот со клубот и не ги прифаќа понудените услови од раководството, а денеска со гол за Македонија и со добра игра покажува дека вреди и дека може да игра за А составот на „црвено-црните".

Стојчевски погоди против Финците на пријателскиот меч за играчи до 19 години и ни донесе предност од 1:0 во 15. минута. Македонија веќе води и со 3:0, со головите на Јани Атанасов од пенал во 52. минута и на Бојан Колевски во 64. минута.

Нашите фудбалски таленти се подготвуваат за настап во Елитната фаза од квалификациите за ЕП, а ќе бидеме домаќини на турнирот. И против Финците ќе играме уште еден меч, пријателски на први март.

Најново во Фудбал