На еден чекор до следната фаза

Не ни бега пласман меѓу најдобрите - Македонската репрезентација за играчи до 17 години на еден чекор до елитната рунда

Македонската репрезентација за фудбалери до 17 години е на еден чекор до пласман во елитната рунда квалификации, по кои следи настап на Европското првенство во Англија во 2018 година

објавено: 23 октомври 2017 - 15:41

Македонската репрезентација за фудбалери до 17 години е на еден чекор до пласман во елитната рунда квалификации, по кои следи настап на Европското првенство во Англија во 2018 година.

На турнирот во Скопје го освоивме третото место со одлични 5 бода и без пораз, па речиси сигурно ќе бодеме меѓу четирите најдобри третопласирани селекции кои ќе обезбедат настап на ЕП идната година од 4. до 20. мај во Англија.

Досега се одиграни 9 од вкупно 13 групи во претквалификациите и Македонија во моментов е најдоброрангирана третопласирана селекција во сите групи. Ни треба уште еден послаборангиран состав за да обезбедиме настап со елитата на идни таленти на возраст до 17 години.

Во последната фаза пред настап на ЕП ќе играат 32 селекции, поделени во 8 групи. Првопласираните и седумтте најдобри второпласирани репрезентации ќе му се приклучат на домаќинот Англија во битката за титулата на ЕП.

Најново во Фудбал