Објавен поширокиот список на Италија со 25 играчи

Нема изненадувања кај Вентура, на мегдан со Македонија „аѕурите“ ќе тргнат со ѕвездите Буфон, Верати, Бонучи, Белоти, Имобиле....

Џанпјеро Вентура конечно одлучи кои фудбалери ќе конкурираат во репрезентацијата на Италија за двата последни дуели против Македонија и Албанија во квалификациите за настап на СП во Русија. Со нас „аѕурите" ќе играат на 6. октомври на Олимпискиот стадион во Торино

објавено: 30 септември 2017 - 17:20

Џанпјеро Вентура конечно одлучи кои фудбалери ќе конкурираат во репрезентацијата на Италија за двата последни дуели против Македонија и Албанија во квалификациите за настап на СП во Русија. Со нас „аѕурите“ ќе играат на 6. октомври на Олимпискиот стадион во Торино.

Вентура повика 25 фудбалери,  тука се ѕвездите од калибарот на Буфон, Верати, Кјелини, Бонучи, Белоти, Имобиле, Донарума...

Еве го комплетниот список на Италија:

ГОЛМАНИ: Буфон (Јувентус), Донарума (Милан), Перин (Џенова).

ОДБРАНА: Барѕаљи (Јувентус), Бонучи (Милан), Кјелини (Јувентус), Астори (Фиорентина), Д'Амброзио (Интер), Дармијан (Манчестер јунајтед), Ругани (Јувентус), Спинацола (Аталанта), Запакоста (Челси).

СРЕДЕН РЕД: Де Роси (Рома), Пароло (Лацио), Пелегрини (Рома), Верати (ПСЖ), Бернардески (Јувентус), Кандрева (Интер), Ел Шарави (Рома), Инсиње (Наполи), Верди (Болоња).

НАПАД: Белоти (Торино), Едер (Интер), Габијадини (Саутемптон), Имобиле (Лацио).

Најново во Фудбал