РЕПРЕЗЕНТАТИВЦИТЕ ГО НАПАЃААТ ТРЕТОТО МЕСТО

НЕМА ОДМОР: Фудбалерите веднаш одат за Струмица, за попладне е закажан тренинг

Македонската експедиција денеска околку 14 часот треба да слета на аеродромот „Александар Велики“. Селекторот, Игор Ангеловски и неговите избраници веднаш ќе заминат за Струмица каде попладне и ќе тренираат.  

објавено: 3 септември 2017 - 10:00

Македонската репрезентација зема залет. По триумфот над Израел се вратија насмевките во нашиот национален тим, но и се зголемија „апетитите“. Фудбалерите во Хаифа видоа дека можат и најавија дека нема да застанат тука. Откако го решија стариот должник, на ред дојде Албанија.

Токму затоа Игор Ангеловски и неговите избраници нема да губат време. Македонската експедиција околу 14 часот треба да слетаат на аеродромот „Александар Велики“ и веднаш ќе заминат за Струмица каде попладне ќе одржат еден тренинг.

Пред Македонија стои нова голема шанса, треба да се победи Албанија со два гола, со ваков резултат во Стрyмица ние ќе бидеме пред Албанците и Израел.

Натпреварот меѓу Македонија и Албанија се игра во вторник на стадионот „Младост“ со почеток во 20:45 часот. 

 

 

Најново во Фудбал