Овој меч со Израел може и мора да биде пресвртница

Нема веќе назад, во Хаифа и треба победа на Македонија (Фотогалерија)

Македонската фудбалска репрезентација го има последниот тренинг пред мечот со Израел, утре во Хаифа од 20,45 часот, а веќе нема назад за нас и мора да се победува, за да се тргне напред во вториот дел од квалификацискиот циклус за пласман на СП во Русија 2018 година

објавено: 1 септември 2017 - 18:00

Македонската фудбалска репрезентација го има последниот тренинг пред мечот со Израел, утре во Хаифа од 20,45 часот, а веќе нема назад за нас и мора да се победува, за да се тргне напред во вториот дел од квалификацискиот циклус за пласман на СП во Русија 2018 година

Досега имаме само еден триумф во шест натпревари, па на „Сами Офер“ стадионот во Хаифа утре ни е неопходна победа, зад им се приклучиме на Израел и Албанија во битката за третата позиција. Двете селекции се за 6 чекори пред нас, што е голема, но не и недостижна предност. Македонија игра добро, но резултатите не се на посакуваното ниво, што создава дополнителен притисок. Сега селекторот Игор Ангеловски ги има и младите јунаци во строј, а тие носат позитивна атмосфера и знаат како е да е игра на големо натпреварување. Во комбинација со капитенот Пандев, потоа и Несторовски, Тричковски, Трајковски, Ристовски имаме добра база за квалитетен состав со кој можеме да му покажаме заби на Израел.

Најново во Фудбал