Адутот за голови е оптимист и одлично го познава ривалот

Несторовски: Бевме рамноправни во Скопје, ќе се надигруваме и во Торино со Италија

Илија Несторовски ќе биде на познат терен, во Италија и е еден од главните адути на нашата репрезентација во Торино на мечот со „аѕурите". Селекција која е четирикратен светски првак и е голем предизвик за секој ривал. Популарниот Нестор-гол игра во Палермо и одлично ги познава приликите во Италија

објавено: 3 октомври 2017 - 11:08

Илија Несторовски ќе биде на познат терен, во Италија и е еден од главните адути на нашата репрезентација во Торино на мечот со „аѕурите“. Селекција која е четирикратен светски првак и е голем предизвик за секој ривал. Популарниот Нестор-гол игра во Палермо и одлично ги познава приликите во Италија.

„Сигурно не им е сеедно на Италијанците посебно поради фактот што се извлекоа во Скопје, кога одигравме одличен меч и незаслужено загубивме. Се надевам и во Торино ќе одиграме на посакуваното ниво. Треба да бидеме стрпливи и да ја чекаме својата шанса. Јасно е дека Италија е огромен фаворит, но ние се надигрувавме рамноправно со нив и со сите останати селекции во групата, освен со Шпанија. За мене секако има нешто специјално во овој меч, но репрезентацијата е пред се и посакувам да оствариме добар резултарт во Торино“, вели Несторовски.

Утре тој и соиграчите од националната селекција заминуваат за Торино, каде на шести октомври ќе го играме претпоселдниот квалификациски меч за настап на Мундијалот во Русија, следната година.

Најново во Фудбал