Потврден е пријателскиот меч со викинзите

Норвешка есен во Скопје - Викинзите против Македонија на 11. ноември, Розенборг ќе бие декемвриска битка со Вардар

Македонија ќе игра пријателски меч со Норвешка на 11. ноември во Скопје, нешто што беше најавено како варијанта, а сега е веќе потврдено како сигурно, а викиншката есен во нашиот главен град ќе продолжи на 2. декември кога норвешкиот првак Розенборг ќе му гостува на Вардар

објавено: 17 октомври 2017 - 14:01

Македонија ќе игра пријателски меч со Норвешка на 11. ноември во Скопје, нешто што беше најавено како варијанта, а сега е веќе потврдено како сигурно, а викиншката есен во нашиот главен град ќе продолжи на 2. декември кога норвешкиот првак Розенборг ќе му гостува на Вардар, во меч од последното коло во Л групата во Европа Лигата.
Фудбалската федерација на Македонија денеска потврди дека Норвежаните ќе ни дојдат на мегдан на 11. следниот месец. И нашата репрезентација по пауза од 5 месеци ќе игра во Скопје, откако последните два квалификациски дуели со Албанија и Лихтенштајн ги игравме во Струмица. Последен гостин на „Филип Втори" арената ни беше Шпанија на 11. јуни и не победи со 2:1.

Најново во Фудбал