КАКО ЗА КРАЈ НА УСПЕШНАТА ГОДИНА

Норвешка на 11 ноември доаѓа на „Филип Втори“

Најдобрата македонска репрезентација следниот месец ќе игра пријателски натпревар на свој терен

објавено: 11 октомври 2017 - 12:30

Македонската фудбалска репрезентација ќе одигра пријателски натпревар против селекцијата на Норвешка, на 11 ноември во Скопје. Речиси сите детали за оваа средба се договорени и таа ќе се игра на Арената „Филип Втори“. 

Во 2017 година, „црвено-жолтите“ одиграа вкупно осум натпревари со одличен биланс. Избраниците на селекторот Игор Ангеловски имаат четири победи, три нерешени и само еден пораз, со одлична гол разлика од 14 дадени и само 4 примени погодоци. 

Дуелот против Норвешка треба да биде како шлаг за можеби најуспешната календарска година на македонската репрезентација. 

Најново во Фудбал