Има изненадувања во составот

Нов џокер на Ангеловски - Љупчо Дориев од Академија Пандев повикан за дуелите со Израел и Албанија

Љупчо Дориев од Академија Пандев е изненадување на списокот на селекторот Игор Ангеловски за квалификациските дуели со Израел и Албанија на почетокот на септември. За првпат е повикан и Висар Муслиу, а по долг период на голманската позиција е повикан и Дејан Илиев

објавено: 21 август 2017 - 12:17

Љупчо Дориев од Академија Пандев е изненадување на списокот на селекторот Игор Ангеловски за квалификациските дуели со Израел и Албанија на почетокот на септември. За првпат е повикан и Висар Муслиу, а по долг период на голманската позиција е повикан и Дејан Илиев.

За дуелите на втори септември против Израел во Хаифа и со Албанија три дена подоцна во Струмица повикани се и поголемиот дел од младите херои кои играа на Европското првенство во Полска.

Еве го комплетниот список:

Голмани: Столе Димитриевски, Давид Митов Нилсон, Дејан Илиев

Одбрана: Стефан Ристовски, Кире Ристевски, Кристијан Тошевски, Дарко Велковски, Ѓоко Зајков, Висар Муслиу

Среден ред: Стефан Спировски, Фехан Хасани, Езџан Алиоски, Енис Барди, Бобан Николов, Давид Бабунски, Љупчо Дориев, Никола Ѓорѓев, Елиф Елмас

Напад: Горан Пандев, Илија Несторовски, Иван Тричковски, Александар Трајковски, Марјан Радески

Најново во Фудбал