БРУКА НЕВИДЕНА НА МЛАДАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА

Од кого тоа загубивме? Гибралтар има вкупно 32.000 жители

Денешниот пораз е еден од најсрамните на една фудбалска селекција на Македонија

објавено: 10 октомври 2017 - 19:20

Пред само неколку месеци младата репрезентација на Македонија играше на Европското првенство за играчи до 21 година. Со тој настап, „црвено-жолтите“ ја испишаа најуспешната фудбалска бајка, а младите играчи станаа херои и идоли. 

Сепак, сега, само неколку месеци по тој успех, репрезентацијата на Македонија за играчи до 21 година го доживеа и најголемиот срам. Новата генерација на фудбалери се посрамотија во квалификациите за пласман на Европското првенство кое во 2019 година ќе се игра во Италија.

Младите македонски фудбалери загубија на гостувањето кај Гибралтар. Тоа е земја која од минатата година стана членка на ФИФА и УЕФА и доби право за настап во квалификациите за големо натпреварување. Гибралтар досега служеше како селекција на која противниците ја подобруваа гол разликата. 

Тоа беше така се до вечерва. Македонија гостуваше на Гибралтар и успеа да загуби со 1:0 ! Земјата која на последниот попис од 2015 година има вкупно 32,000 жители, ја победи Македонија, која летово играше на ЕП во Полска.

Најново во Фудбал