Отпадна еден од клучните играчи

Откажа во последен час - Финска без Каспер Хамалаинен против Македонија

Репрезентацијата на Финска ќе биде ослабена на тест дуелот со Македонија и ќе игра без стандардното десно крило Каспер Хамалаинен. Поради болест играчот на полска Легија не отпатува за Белек, Анталија

објавено: 20 март 2018 - 14:25

Репрезентацијата на Финска ќе биде ослабена на тест дуелот со Македонија и ќе игра без стандардното десно крило Каспер Хамалаинен. Поради болест играчот на полска Легија не отпатува за Белек, Анталија.

Хамалаинен е постојан член на стартните 11 на финската селекција, а селекторот Марку Канерва најави дека нема да повика замена за Каспер.

Финска сега има 23 фудбалери на поширокиот список, што според Канерва е сосема доволно за тест дуелите со Македониај и Малта во Белек, Анталија.

Со Финците ќе играме на 23. март на „Глорија“ арена од 17 часот.

Најново во Фудбал