Им даваат предност на гостите, ама тоа е само на хартија

Пак не ни веруваат, обложувалниците ја фаворизираат Србија

Младата репрезентација на Србија повторно е фаворит против врсниците од Македонија, пред дуелот од второто квалификациско коло за играчи до 21, што се игра за пласман на Европското првенство во Италија и Сан Марино за две години

 

објавено: 4 октомври 2017 - 11:00

Младата репрезентација на Србија повторно е фаворит против врсниците од Македонија, пред дуелот од второто квалификациско коло за играчи до 21, што се игра за пласман на Европското првенство во Италија и Сан Марино за две години.

Коефициентот за победа на Македонија се движи од 3,80 до 4, а за триумф на популарните „орли“ е околу 1,90 до два. Ремито обложувалниците го ценат со квота 3,50 до 3,60.

Уште поголема улога на фаворит Србите имаа во Бидгошч пред мечот на Европското првенство во Полска, на 20.јуни. Тогаш популарната трипла беше распоредена со коефициенти 1,50-4,30-6,20 во корист на Србија, но тие беа репрезентацијата која се спасуваше од пораз со гол во 90. минута.

Македонија со одлична игра во второто полувреме направи пресврт и поведе со головите на Барди од пенал и на Ѓорѓев, откако првиот дел го добија Србите со погодокот на Гачиновиќ.

Задутре двете репрезентации пак ќе играат меѓусебе во меч од седмата група, во ново балканско дерби, но во Скопје, а дуелот е мошне важен во битката за пласман на ЕП 2019.

Најново во Фудбал