На клубот од Сицилија потешко му оди без нашето дуо

Палермо притиска, Ангеловски не се дава

Игор Ангеловски вели дека има одлични релации со раководството на Палермо, а се работи за двоецот Несторовски и Трајковски, кои очигледно му недостасуваат на клубот од Сицилија, кога се отсутни заради обврските во нашата репрезентација

објавено: 12 октомври 2017 - 13:40

Игор Ангеловски вели дека има одлични релации со раководството на Палермо, а се работи за двоецот Несторовски и Трајковски, кои очигледно му недостасуваат на клубот од Сицилија, кога се отсутни заради обврските во нашата репрезентација.

Палермо притиска тие да бидат ослободени од обврските во нашата репрезентација за пријателскиот меч со Норвешка на 11. ноември, бидејќи ќе играат со Кремонезе на гости следниот ден.

На Палермо тешко му оди и со голови и со победи без нашето напаѓачко дуо. Несторовски е прв стрелец на тимот и олани и годинава, а Трајковски е во топ-форма и дава голови за репрезентацијата, па сега му е потребен на Палермо.

„Имаме одлична релација со раководството на Палермо. И Вие ги познавате квалитетите на Несторовски, кој беше прв стрелец на тимот и во Серија А и сега, а и на Трајковски. Немаме никакво недоразбирање, напротив одлично се разбираме. Ќе видиме за ноемврискиот меч, ќе разговараме“, изјави Ангеловски за „Џорнале ди Сицилија“.

 

Најново во Фудбал