ВАКА ПРАВАТ ГОЛЕМИТЕ КЛУБОВИ

Палермо се радуваше на голот на Трајковски

Иако македонскиот репрезентативец, Александар Трајковски постигна гол токму против Италија, сепак тоа не остана незабележано од страна на неговиот тим, Палермо. 

објавено: 7 октомври 2017 - 00:01

Иако македонскиот репрезентативец, Александар Трајковски го постигна израмнувачкиот гол против Италија, сепак тоа не остана незабележано од страна на неговиот тим, Палермо.

Италијанскиот клуб на својата „Фејсбук“ страница најпрво го сподели погодокот, а потоа објави фотографија од двајцата наши репрезентативци кои настапуваат во дресот на Палермо. 

„Ноќ за паметење за нашиот Александар Трајковски“, пиша италијанскиот тим, а потоа извади и кратка изјава од репрезентативецот.

Најново во Фудбал