Мал пад за една позиција

Палестина нѐ мина, Македонија е 74. на ФИФА ранг-листа

Македонската фудбалска репрезентација падна за едно место на ФИФА ранг-листата и сега е на 74. позиција

објавено: 15 февруари 2018 - 10:20

Македонската фудбалска репрезентација падна за едно место на ФИФА ранг-листата и сега е на 74. позиција. Интересно е што при поместувањето во однос на претходното рангирање не мина Палестина, селекција која е на нашата позиција во рангирањето од минатиот месец.

Во Топ-10 немаше ниту една промена, па Германија остана на врвот, пред Бразил, Португалија, Аргентина, Белгија, Шпанија, Полска, Швајцарија, Франција и Чиле.

Најново во Фудбал