КАПИТЕНОТ СЕ НАЛУТИ

Пандев: Фатете се за работа и направете нешто, а потоа критикувајте

Предводникот на фудбалската репрезентација реши да им одговори на сите оние кои ја критикуваат националната селекција

објавено: 18 октомври 2017 - 12:15

Капитенот на македонската репрезентација Горан Пандев реши да им одговори на сите оние кои ја критикуваат националната селекција. Во интервјуто за „Македонски спорт", најдобриот стрелец во историјата на „црвено-жолтиот“ дрес не остана рамнодушен и на критиките.

Македонија заврши на петото место во групата за пласман на Светското првенство во Русија, но одигра одлично на последните неколку мечеви, покажувајќи дека може да се надеваме на многу подобри времиња и резултати на националниот тим.  

„Има простор за критика. Ете, и јас самиот велам дека пласманот на 5. место не е добар. Но според игрите, сето тоа и не е реално. Но да се даваат други анализи без основа од дежурни 'свиркачи' кои ништо не направиле во фудбалот, е незамисливо. Фатете се за работа и направете нешто, а потоа критикувајте. Сите добро знаеме кои сме и што сме направиле. Сега се поправа тоа што некој претходно го уништи", вели Пандев по анализите на дел од тренерската фела во Мaкедонија за настапот на националниот тим.

Најново во Фудбал