ПОРАЗОТ ОД МАКЕДОНИЈА БЕШЕ ОДЛУЧУВАЧКИ

Пандев и „компанија“ му ја зацрнија судбината на Минасјан

Еремнија во продолжение од натпреварите во Лигата на нации ќе биде под водство на ново тренерско име. 

објавено: 21 септември 2018 - 19:35

Ерменија во продолжение од натпреварите во Лигата на нации ќе биде под водство на ново тренерско име. Сега веќе екс-селекторот на оваа репрезентација, Вардан Минасјан поднесе оставка, која пак беше веднаш прифатена од тамошната федерација. 

Минасјан на последниот меч како предводник на Ерменија загуби токму од Македонија на Арената „Филип Втори“ со 2-0. Токму овој пораз беше една од главните причини за разделбата. 

"Сакам да им се заблагодарам на претседателот на фудбалската федерација на Ерменија и на Извршниот одбор. Благодарност и до членовите на ерменскиот национален фудбалски тим за заедничка соработка. И посакувам нови достигнувања во Ерменија", рече Минасјан.

По два одиграни меча во Лигата на нации, Македонија е на првото место на табелата во групата, со максимални шест бода, пред Ерменија и Лихтенштајн, кои имаат три бода помалку. Репрезентацијата на Гибралтар нема освоено ниту еден бод.

 

Најново во Фудбал