КАПИТЕНОТ ИМА НЕОСТВАРЕН СОН

Пандев: Со нетрпение го чекам Лихтенштајн, се надевам ќе има и доста публика!

Македонската А репрезентација ги продолжува подготовките за натпреварот против Лихтенштајн од Лига на нации в сабота (13. октомври) на Националната арена „Филип Втори".

објавено: 12 октомври 2018 - 17:29

Избраниците на селекторот Игор Ангеловски ги одработуваат тренинзите, во досегашните два меча имаа две победи. Во првиот натпревар го совладаа Гибралтар на гостински терен, додека во Скопје во втората средба го доби директниот конкурент за првото место, Ерменија.

Сега следуваат два нови меча, в сабота од 20:45 часот дома против Лихтенштајн и три дена подоцна против Ерменија во Ереван. Повеќе информации околу цените на влезниците за мечот Македонија-Лихтенштајн ТУКА 

„25 години секако дека е еден голем јубилеј за мак фудбалот. Овие два меча се клучни за оваа кампања. Мислам дека е ова е многу битен момент да победиме, па потоа да одиме на Ерменија порелаксирано. Атмосферата никогаш не била подобра во нашата селекција, со нетрпение чекаме да почне мечот. Се надевам дека ќе има и доста публика. Да минеме колку што можеме полесно затоа што против Ерменија реално не чека потежок меч", изјави македонскиот репрезентативец, Горан Пандев.

Исто така, нашиот капитен додаде дека негов неостварен сон е пласман на едно големо натпреварување.

„Се надевам дека тоа ќе го постигнеме не само заради мене, и мојата кариера, туку пред се заради македонскиот народ односно Македонија како држава".

Најново во Фудбал