СО СЕТА ПОЧИТ КОН НАШИТЕ ФУДБАЛЕРИ

Паурич: Во Скопје сме како дома, но бадијала кога Македонија е силна

И фудбалерите на Лихтенштајн, на чело со селекторот Рене Паурич се свесни дека се големи аутсајдери во мечот со Македонија. 

објавено: 12 октомври 2018 - 19:19

И фудбалерите на Лихтенштајн, на чело со селекторот Рене Паурич се свесни дека се големи аутсајдери во мечот со Македонија. Репрезентацијата која често пати е противник на нашиот најдобар националец состав подели комплименти на сметка на „црвено-жолтите“ и играта во поново време. 

„Во Скопје се чувствуваме како дома, оти многу често сме тука и играме против Македонија. Сепак, колку и да ни е убаво ние мораме да се соочиме со селекција која е силна и осум меча е без пораз. Станува збор за репрезентација која стана доста флексибилна и која знае да се трансформира.

Миксот од младост и искуство е одличен, младите фудбалери се супер, а тука е капитенот Горан Пандев, кој има мноу жар за фудбал особено за националниот дрес.

Не можеме да се споредиме со противникот, Македонија во моментов е подобра класа од Ерменија и ќе биде многу тешко“, изјави селекторот на Лихтенштајн, Рене Паурич.

 

Најново во Фудбал