ИЛИЕВСКИ ДЕНЕСКА ЌЕ ГО ОБЈАВИ СПИСОКОТ (У-21)

Пижон ги „открива картите" за Србија и Црна Гора

Двата меча ги играме на гостински терен односно во Подгорица. На 16. ноември играме против Србија, додека пак на 19. на истиот терен ќе одиграме против домашната селекција на Црна Гора. Повик добива и Милош Тошески од Земун кој играше младинска Лига на Шампиони

објавено: 9 ноември 2018 - 09:43

Селекторот на Македонската репрезентација до 21. година Добринко Илиевски денеска ќе го објави списокот на репрезентативци на кои ќе смета за двата претстојни пријателски средби против репрезентациите на Србија односно Црна Гора. Нашиот национален тим ќе гостува во Подгорица, главниот град на Црна Гора каде што на 16. ноември ќе одиграме меч против соодветната селекција на Србија, додека пак три дена подоцна, на 19. ноември, ќе спарингуваме со домаќинот. Ова се два тест мечеви на кои нашиот селектор ќе има за задача да одбере што во моментов располага од репрезентативен калибар односно да увиди кој од повиканите ќе може да одговори на предизвикот.

ДЕФИНИТИВЕН ПОВИК ЗА МИЛОШ ТОШЕСКИ

Конечно Милош Тошески ќе добие нова шанса во македонскиот национален тим. Момчето кое редовно добиваше шанса во младинските категории, едно време го снема за да по добрите настапи за младинскито погон на Бродарац, шампионската титула во Србија, настапот во Младинската лига на шампиони, двомечот со Манчестер Јунајтед, како и трансферот во Земун конечно повторно се појави во националниот дрес на Македонија. Тој дефинитивно е повикан за двата меча против Србија односно Црна Гора и ќе добие шанса да покаже во каква форма е во моментов. Тој игра на позицијата играч за врска, нешто што одсекогаш во младите категории ни било проблем и тука очекуваме секогаш засилување.

Најново во Фудбал