Реми на генералката пред настап во квалификациите

По „петардата“ се смилуваа - Македонија одигра без голови со Финска

Младата репрезентација на Македонија за фудбалери до 19 години одигра реми без голови против Финска, во последниот тест пред стартот на Елитната фаза квалификации за пласман на ЕП

објавено: 1 март 2018 - 14:55

Младата репрезентација на Македонија за фудбалери до 19 години одигра реми без голови против Финска, во последниот тест пред стартот на Елитната фаза квалификации за пласман на ЕП.

Имавме шанси, Колевски беше во ситуација да погоди, а последниот тест беше одличен, иако не победивме. Претходно ги декласиравме Финците со 5:0, но и тие денеска одиграа многу подобро од првиот меч.

Македонија ќе биде домаќин на турнирот од Елитната фаза за пласман на ЕП, а ќе играме со Летонија, Унгарија и Англија од 21. до 27. март.

Најново во Фудбал