Нов тест за нашите надежи до 17 години пред пат за Полска

Победа против БиХ за добро расположение пред Елитната фаза

Младата македонска репрезентација за фудбалери до 17 години, денеска ќе игра уште еден пријателски меч со врсниците од БиХ, од 11 часот на комплексот терени на Фудбалската Федерација на Македонија

објавено: 22 февруари 2018 - 09:00

Младата македонска репрезентација за фудбалери до 17 години, денеска ќе игра уште еден пријателски меч со врсниците од БиХ, од 11 часот на комплексот терени на Фудбалската Федерација на Македонија.

Ова ќе биде последен тест пред настапот во Елитната фаза од квалификациите за пласман на ЕП, а веќе одигравме еден меч со селекцијата на БиХ, без голови, пред два дена.

Македонија ќе игра квалификации во последниот степен за настап на ЕП, а турнирот ќе се оддржи во Полска од 19. до 28. март. Покрај домаќинот Полска, ривали ќе ни бидат и Република Ирска и Грузија.

Најново во Фудбал