МАКЕДОНИЈА УТРЕ ГО ИГРА ПОСЛЕДНИОТ МЕЧ ВО 2017 ГОДИНА

Победничката еуфорија да држи и против Норвешка

Младите надежи до 17 години донесоа радост, селекцијата до 19 ја победи Швајцарија, а утре е ред и сениорите да продолжат со одличните резултат

објавено: 10 ноември 2017 - 13:50

Фудбалска еуфорија има во Македонија. По успехот на тинејџерите до 17 години, победата на селекцијата до 19 години, утре е редот на сениорите. Најдобрата македонска репрезентација во Скопје игра против Норвешка. Со овој контролен меч, треба да се комплетира 2017 година. 

Македонија во тековната година игра одлично и има само еден пораз во сениорска конкуренција. Тој неуспех беше во дуелот со некогашниот европски и светски првак Шпанија. Избраниците на селекторот Игор Ангеловски славеа на гости против Израел, ја победивме Лихтенштајн, славевме против Белорусија, а со Албанија и Турција ремизиравме. 

Сега на ред е и прва победа во дуелите против Норвешка. Дуелот се игра утре со почеток во 18:30 часот, а билетите се продаваат по цена од 100 и 150 денари. 

Најново во Фудбал