За истиорија и за архивите

Подвигот на фудбалските херои на филмска лента, се снима документарец за историскиот успех

Историскиот успех на младата фудбалска репрезентација на Македонија ќе добие и своја филмска верзија, а веќе се снима докумнтарец во македонско-австралиска копродукција

објавено: 21 април 2017 - 16:00

Историскиот успех на младата фудбалска репрезентација на Македонија ќе добие и своја филмска верзија, а веќе се снима докумнтарец во македонско-австралиска копродукција.

Нашите спортски херои направија светско фудбалско чудо. Во конкуренција на моќната Франција и силните Исланд, Украина, Шкотска и Северна Ирска успеаја да бидат првопласирани во својата група и да обезбедат настап на Европското првенство во Полска, од 16. до 30. јуни.

Патот од Рејкјавик до Скопје, во квалификацискиот циклус од 10 натпревари што успешно беше преброден во третата група и очекувањата од настапот на ЕП ќе бидат „спакувани“ во 15-20 минути.

Во документарниот филм што ќе биде објавен пред стартот на шампионатот во Полска ќе има интересни секвенци од сите натпревари, изјави од нашите спортски херои и најава за настапот во Б групата, на шампионатот со 12. најквалитетни европски селекции.

Во Полска ќе играме со европските гиганти за возрасна категорија на фудбалери до 21 година. Со нас во групата се четирикратниот шампион Шпанија, актуелниот вицепрвак Португалија и Србија.

Првиот меч, за нас историски против „Црвената фурија“ е закажан за 17. јуни во Гдиња од 20,45 часот. Потоа ќе им излеземе на мегдан на Србите во Бидгошч, на 20. јуни од 18 часот, а ќе ги финишираме натпреварите по групи со меч против Португалците, пак во Гдиња, на 23. јуни од 20,45 часот. Титулата ја брани Шведска. 

Најново во Фудбал