НЕПОСРЕДНО ПРЕД ПРИЈАТЕЛСКИОТ НАТПРЕВАР МЕЃУ У19 СЕЛЕКЦИИТЕ

Полјаците збратимени со „Чкембари“: Има една вистина за Македонија..! (ФОТО)

Денеска како што веќе објавивме во контролен меч како подготовка за евроквалификациите У19 македонската фудбалска репрезентација загуби на гостувањето од Полска со резултат 4:3.

објавено: 11 октомври 2018 - 18:15

Непосредно пред започнувањето на овој пријателски натпревар на трибините, иако немало македонски навивачи, полските навивачи збратимени со „Чкембари" поставиле транспарент на кој било напишано:

„Има само една вистина, има само една Македонија".

После одиграниот дуел свој коментар имаше селекторот на У19 репрезентацијата, Горан Станковски:

„Не можам да бидам задоволен од пораз, ама и да дадеш три гола против Полска во гости на преубав момент со од прилика 3000 гледачи дава многу позитивен ефект. На 1:0 имавме 100% шанси, но не ги реализиравме. Противникот казна после две наши грешки во текот на првото полувреме. Во второто покрај головите, имавме уште три одлични шанси. Останува да анализираме и ги поправиме грешките", изјави Станковски.

Најново во Фудбал