ФФМ ИСПРАТИ ДОПИС ДО УЕФА ЗА СУДЕЊЕТО ВО ЕРЕВАН

Поповски верува: Ако еден Пандев вели дека тимот е фамилија, тогаш сме на вистинскиот пат

Во интервју за сајтот на фудбалската федерација на Македонија, генералниот секретар Филип Поповски открива дека е испратена официјална реакција до УЕФА за шведскиот судија Мартин Стромбергсон. Истовремено испрати порака дека верува во овој состав и пласман на ЕП. 

објавено: 19 октомври 2018 - 14:45

Во интервју за сајтот на фудбалската федерација на Македонија, генералниот секретар Филип Поповски открива дека е испратена официјална реакција до УЕФА за шведскиот судија Мартин Стромбергсон. Истовремено испрати порака дека верува во овој состав и пласман на ЕП.

„Натпреварот против Ерменија одново покажа дека е тешко да се предвидат работите во денешниот фудбал. Работите во двете репрезентации беа сосема спротивни, тие имаа пораз од Гибралтар и далеку од идилична атмосфера, читавме за одредени несогласувања во тимот и низа нефудбалски работи, а ние заминавме во Ереван во одлична атмосфера, низа на резултати кои сме ги немале со А репрезентацијата и баравме потврда на првото место. Можеби се ќе се одвиваше поинаку доколку судијата, за кого поднесовме и писмо со изразено незадоволство до УЕФА, реагираше според правилата во неколку ситуации, но сега тоа е помалку важно. И селекторот и фудбалерите и ние како федерација отворено ги прифаќаме критиките за високиот пораз, но тоа нема да донесе нови последици. Напротив, сметам дека уште посериозно и со многу поголема енергија ќе се насочиме кон следните натпревари и повторно ќе се вратиме на победите. Ова е голема шанса за нас да се пласираме на Европско првенство и ќе се обидеме да ја искористиме. Заедништвото во селекцијата е на највисоко ниво, имаме меѓусебна доверба и одиме понатаму. Ако еден Горан Пандев вели дека тимот е фамилија, тогаш навистина сме на правиот пат. Генералниот секретаријат ќе биде секогаш со нив и во добро и во зло“, вели Поповски. 

Целото интервју може да го прочитате на овој ЛИНК. 

Најново во Фудбал