На сред квалификации, ќе се подготвуваме за идниот циклус

Поразите не враќаат во рикверц - Милевски: Ќе мора да има сериозен ремонт во младата репрезентација

Селекторот на младинската репрезентација на Македонија, Благоја Милевски најави нов лик на нашата национална селекција до 21 година, по само 4 одиграни натпревари. Поразот од Австрија со 0:4 е тежок и ќе донесе неочекувани процеси

објавено: 14 ноември 2017 - 15:12

Селекторот на младинската репрезентација на Македонија, Благоја Милевски најави нов лик на нашата национална селекција до 21 година, по само 4 одиграни натпревари. Поразот од Австрија со 0:4 е тежок и ќе донесе неочекувани процеси, односно веќе од март кога е следниот меч, оваа селекција ќе има нов лик и ќе ги почне подготовките за следните квалификации.

„По пораз од 0:4 тешко е било што да се каже. Австрија беше подобра, но три од четирите погодоци ги дадоа по наши грешки. Немаме нов избор и мораме да одиме понатаму. За следниот меч оваа селекција ќе има сосема нов лик. За некои играчи ова беше последно предупредување. За жал се враќаме назад, каде што бевме пред 3-4 години и на средина од циклусот ќе подготвуваме нова репрезентација за следните квалификации. Очигледно е дека дел од овие играчи не можат да е носат со притисокот што го носат вакви дуели“, вели Милевски.

Македонија нема постигнато гол цели 270 минути, нареди три порази и е на последното место со само 3 бода по 4 меча, без шанси за пласман на ЕП во Италија и Сан Марино во 2019 година.

Најново во Фудбал