НАЦИОНАЛНИОТ ТИМ ГО ДОБИ РАСПОРЕДОТ

Познат „возниот ред" за квалификациите: Почнуваме со Албанија на гости, завршуваме со Лихтенштајн

Репрезентацијата на Албанија ќе биде прв противник на Македонија во квалификациите за Светското првенство во 2018 година.

објавено: 26 јули 2015 - 12:17

Натпреварот ќе го играме на 5 септември 2016 година (понеделник), како гости, најверојатно во Тирана и со него официјално ќе го почнеме новиот квалификациски циклус за еден Мундијал. Мошне тежок ќе ни биде вториот термин, во октомври 2016 година бидејќи прво, на 6 октомври го пречекуваме Израел во првиот меч на домашен терен, а три дена подоцна ни доаѓа и четирикратниот светски првак Италија.

Во ноември гостуваме кај Шпанија, а првиот круг од квалификациите го завршуваме на 24 март 2017 година на гости кај Лихтенштајн. Токму оваа селекција нѝ е и последен противник во квалификациите, во октомври истата година.

Вториот круг од циклусот е малку изменет, па место со Албанија, го почнуваме со Шпанија на домашен терен. Потоа, следува вториот „врзан“ термин, во септември во кој гостуваме на Израел и ја пречекуваме Албанија, за во октомври да одиме кај Италија и да финишираме со Лихтенштајн.

Големите дерби дуели од нашата група, меѓу Шпанија и Италија се играат на 6 октомври 2016 година на Апенинскиот и на 2 септември 2017 година на Пиринејскиот полуостров.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ
1. КОЛО - 05.09.2016
Албанија - Македонија
Израел - Италија
Шпанија - Лихтенштајн

2. КОЛО - 06.10.2016
Македонија - Израел
Италија - Шпанија
Лихтенштајн - Албанија

3. КОЛО -  09.10.2016
Израел - Лихтенштајн
Македонија - Италија
Шпанија - Албанија

4. КОЛО - 12.11.2016
Албанија - Израел
Лихтенштајн - Италија
Шпанија - Македонија

5. КОЛО - 24.03.2017
Италија - Албанија
Лихтенштајн - Македонија
Шпанија - Израел

6. КОЛО - 11.06.2017
Македонија - Шпанија
Израел - Албанија
Италија - Лихтенштајн

7. КОЛО - 02.09.2017
Албанија - Лихтенштајн
Израел - Македонија
Шпанија - Италија

8. КОЛО - 05.09.2017
Македонија - Албанија
Италија - Израел
Лихтенштајн - Шпанија

9. КОЛО - 06.10.2017
Италија - Македонија
Лихтенштајн - Израел
Шпанија - Албанија

10. КОЛО - 09.10.2017
Албанија - Италија
Македонија - Лихтенштајн
Израел - Шпанија

Најново во Фудбал