Момче за сите селекции

Прекоманда во У-21 само за Елмас

Само Елиф Елмас доби прекоманда и е приклучен на младата селекција на Македонија до 21 година, а две години помладите репрезентативци ќе мораат без фудбалерот на Фенербахче да го победат Лихтенштајн

објавено: 13 ноември 2017 - 11:52

Само Елиф Елмас доби прекоманда и е приклучен на младата селекција на Македонија до 21 година, а две години помладите репрезентативци ќе мораат без фудбалерот на Фенербахче да го победат Лихтенштајн.

Елмас си ја заврши работата со селекцијата до 19 години, и ги предводеше врсниците до две победи против Швајцарија и Белгија, па пласманот во Елитната рунда е обезбеден. Елиф сега ќе се обиде да внесе малку повеќе свежина и да донесе дополнителен квалитет кај младинците до 21 година, кои утре играат против Австрија. Тоа е еден од клучните дуели, па Елмас е попотребен тука, отколку кај помладите. Интересно е што и двата меча се играат во Скопје, во исто време од 13 часот.

Помладите до 19 години, против Лихтенштајн ќе играат на теренот на ФФМ во Аеродром, а репрезентативците до 21 година против Австрија ќе играат на „Филип Втори“ арената.

Најново во Фудбал