Ќе скокнат ли до Хаифа?

Премиерите како дополнителна поддршка за фудбалерите - Заев и Нетанјаху ќе го гледаат во живо мечот меѓу Израел и Македонија?

Премиерот на Република Македонија, Зоран Заев, од сабота втори септември, до понеделник четврти септември, ќе биде во официјална посета на Израел, а можно е заедно со домаќинот и Премиер на Израел, Бенјамин Нетанјаху во живо од ВИП ложата на стадионот во Хаифа да го следат дуелот меѓу двете фудбалски репрезентации, закажан за во сабота од 20,45 часот

објавено: 31 август 2017 - 14:15

Премиерот на Република Македонија, Зоран Заев, од сабота втори септември, до понеделник четврти септември, ќе биде во официјална посета на Израел, а можно е заедно со домаќинот и Премиер на Израел, Бенјамин Нетанјаху, во живо од ВИП ложата на стадионот во Хаифа да го следат дуелот меѓу двете фудбалски репрезентации, закажан за во сабота од 20,45 часот.

Токму на денот на пристигнувањето на македонската делегација во Израел ќе се игра и квалификацискиот меч на „Сами Офер“ стадионот, во рамките на Г групата за пласман на Светското првенство во Русија 2018 година. Ако двајцата Премиери бидат присутни на стадионот, тоа ќе значи дополнителен мотив за двете селекции во обидот да се забележи победа, а сигурно ќе предизвика и дополнителни мерки за безбедност во градот домаќин на мечот. Засега не е потврдено дали двајцата Премиери во протоколот го имаат договорено присуството на фудбалскиот меч во Хаифа.

Најново во Фудбал