Падна договор меѓу селекторите

Против Шпанија без јунаците, ќе се штедат силите за ЕП во Полска

Младите фудбалски херои на Македонија нема да играат за нашата сениорска репрезентација против Шпанија на 11. јуни, во квалификацискиот меч за настап на СП во Русија 2018 година. Во договор на двајцата селектори, Игор Ангеловски и Благоја Милевски, младинците ќе добијат поштеда на 11. јуни, а веќе следниот ден ќе патуваат за Полска на историското ЕП а играчи до 21 година

објавено: 19 мај 2017 - 11:47

Младите фудбалски херои на Македонија нема да играат за нашата сениорска репрезентација против Шпанија на 11. јуни, во квалификацискиот меч за настап на СП во Русија 2018 година. Во договор на двајцата селектори, Игор Ангеловски и Благоја Милевски, младинците ќе добијат поштеда на 11. јуни, а веќе следниот ден ќе патуваат за Полска на историското ЕП а играчи до 21 година.

Можно е младинците да бидат специјални гости на трибините на „Филип Втори“ арената, за мечот со Шпанија, за да бидат поздравени од публиката и тоа апсолутно заслужено.

На 12. јуни ќе заминат за Сопот, каде ќе биде базата на нашата млада репрезентација. Првиот меч на ЕП во Полска ќе го играме со четирикратниот европски првак Шпанија, во Гдиња на 17. јуни, ден по отворањето на шампионатот. Со „црвената фурија“ ќе ги одмериме силите од 20,45 часот. Потоа на ред е Србија, селекција со која ќе играме на 20. јуни во Бидгошч од 18 часот, а три дена подоцна ќе ги завршиме настапите во Бгрупата со мечот против актуелните европски вицешампиони Португалците во Гдиња од 20,45 часот.

Најново во Фудбал