На 26. јануари е ждрепката за новиот квалификациски циклус

Противниците за новиот излез во Европа, младите ќе ги чекаат од четвртиот шешир

Македонската репрезентација до 21 година, на 26. јануари во Нион ќе ги добие противниците за квалификациски циклус за Европското првенство 2019 во Италија.

објавено: 16 јануари 2017 - 14:00

Македонската репрезентација до 21 година, на 26. јануари во Нион ќе ги добие противниците за квалификациски циклус за Европското првенство 2019 во Италија. 

Пред стартот на квалификациите, нашите младите херои ќе играат на Европското првенство во Полска, а потоа со нова генерација, селекторот Благоја Милевски ќе се обиде да го репризира големиот успех.. 

 

По големиот успех, Македонија од четвртиот шешир и од 31 место ќе ги чека противниците, што пак не беше случај претходно. Пред ждрепката за Европското првенство во Полска, нашата репрезентација беше во петтиот шешир и на 42. место, но и со така ниска стартна позиција се избори за историски настап на Европското првенство во Полска.

 

 

Најново во Фудбал