Младинскиот репрезентативец на Франција блескаше вчеравечер

Рабио ја разби моќната Барселона, ама беше немоќен против Македонија (Видео)

Адриен Рабио е играчот на кој му се воодушева спортската јавност по блескавата партија, вчера против Барселона. Играчот од средниот ред на Пари Сен Жермен одигра супер меч против моќната каталонска машинерија, а интересно е што беше апсолутно немоќен во дресот на младинската репрезебнтација на Франција против аншите спортски херои 

објавено: 15 февруари 2017 - 14:30

Адриен Рабио е играчот на кој му се воодушева спортската јавност, по блескавата партија, вчера, против Барселона. Играчот од средниот ред на Пари Сен Жермен одигра супер меч против моќната каталонска машинерија, а интересно е што беше апсолутно немоќен во дресот на младинската репрезентација на Франција, против нашите спортски херои.

Рабио настапи на двата натпревари против младинската селекција на Македонија, и во Скопје и во Ле Ман и со соиграчите не успеа да ги надигра избраниците на Благоја Милевски. Двата дуели завршија нерешено, а квалификацискиот циклус заврши со хепиенд за нас. Со 21 бод Македонија ја претрка екстра-скапата репрезентација на Франција и се пласира директно на ЕП во Полска.

Младите триколори предводени од Рабио не успеаја да стасаат ниту до бараж, па ќе отсуствуваат од шампионатот во Полска, иако се најскапата млада селекција во Европа.

 

Најново во Фудбал