Агентот си навива за својот голман

Рајола притиска Донарума да брани против Македонија

Еден од најпознатите фудбалски агенти, Мино Рајола остро го нападна селекторот на Италија, Џампјеро Вентура и вели дека нема храброст да го смени Џиџи Буфон на голот на „аѕурите“ и да го стави неговиот клиент Џиџи Донарума

објавено: 12 септември 2017 - 13:15

Еден од најпознатите фудбалски агенти, Мино Рајола остро го нападна селекторот на Италија, Џампјеро Вентура и вели дека нема храброст да го смени Џиџи Буфон на голот на „аѕурите" и да го стави неговиот клиент Џиџи Донарума. И тоа веднаш за следниот квалификациски меч против Македонија на шести октомври.

„Вентура го загуби компасот и реагира панично. Познавајќи го сигурно нема да го замени Буфон, иако Донарума заслужува да брани. И тоа веднаш на следниот меч. Но, знам дека тоа нема да се случи. Нема капацитет да биде храбар и да го смени тотемот на италијанскиот фудбал Буфон за млад и надежен голман каков што е Донарума“, вели Рајола за „Газета дело Спорт“.

Рајола си признава дека навива за Донарума и вели дека заслужува шанса да брани за Италија.

Најново во Фудбал