Поразени сме во Гранада со 4:0

Разлетана „Црвена фурија“ во четврта брзина (ВИДЕО)

Со фуриозен финиш Шпанија ја декласира Македонија со 4:0 во Гранада, за шеста победа во меѓусебните дуели и четврти пораз за нас во квалификацискиот циклус за пласман на СП во Русија

објавено: 12 ноември 2016 - 22:40

Специјално од Гранада, Зоран Поповски

Со фуриозен финиш Шпанија ја декласира Македонија со 4:0 во Гранада, за шеста победа во меѓусебните дуели и четврти пораз за нас во квалификацискиот циклус за пласман на СП во Русија.

Почнавме одлично и имавме две златни шансси во првите дваесет минути, по ударите со глава на Дарко Велковски и на Горан Пандев, а завршивме катастрофално со два примени гола за 60 секунди и претрпевме дебакл од 0-4. 

Поразот на стадионот „Нуево Лос Карменес“ реално беше очекуван, но лошо е за нас што ги повторуваме истиоте грешки од меч во меч. Одбараната ни е раштимана, имаше и страв кај дел од нашпите фудбалери и преголем респект кон противникот, иако Шпанците се вистински фудбалски мајстори. Со еден велемајстор во составот, Давид Силва, кој умешно диригираше со играта на домаќините. 

Играчот од средниот ред на Манлчестер сити го покажа сиот фудбалски раскош и беше недофатлив за нашите репрезентативци. А, кога сте во ситуација како Јулен Лопетеги, да имате луксуз и одличен тим и без четирите супер ѕвезди како Рамос, Пике, Коста и Алба, тогаш исходот е очекуван и реален.

Разликата во квалитет беше евидентна, но и Македонија можеше да постигна барем еден гол по шансите на Велковски, на Пандев и на Барди. Сепак Шпанија е комплетна селекција, која ја демонстрираше силата и заслужено не победи со 4:0. 

Во првиот дел Велковски си даде автогол, а потоа погодија и Витоло, Монреал и Адуриз. Доволно за убедлива победа и прво место во Г групата. Македонија без бод е на делба на последната позиција со Лихтенштајн, селекција која е наш следен противник во март, следната година.


Aritz Aduriz Goal HD - Spain 4-0 FYR Macedonia... by Zidanekriisz


Nacho Monreal Goal HD - Spain 3-0 FYR Macedonia... by Zidanekriisz


Victor Vitolo Goal HD - Spain 2-0 FYR Macedonia... by Euro2016
Velkoski D. (Own goal) - Spain 1 - 0 FYR... by allsportusa

Најново во Фудбал