Лошо ни тргна Елитната фаза

Република Ирска ни ја има мерката - За едно полувреме не наполнија

Репрезентативците на Република Ирска за играчи до 17 години повторно беше поуспешна од врсниците од Македонија, денеска во мошне важен меч и не победија со 3:0. На стартот од Елитните квалификации во Полска, Ирците со три гола во второто полувреме ги разрешија сите дилеми

објавено: 21 март 2018 - 19:18

Репрезентативците на Република Ирска за играчи до 17 години повторно беше поуспешна од врсниците од Македонија, денеска во мошне важен меч и не победија со 3:0. На стартот од Елитните квалификации во Полска, Ирците со три гола во второто полувреме ги разрешија сите дилеми.

Избраниците на Горан Станиќ немаа примено гол на три меча по ред, ја сочуваа мрежата и по првото полувреме во Глогов, но потоа следуваше вистински нокаут. Ајда, Бренан и Рајт за 12 минути постигнаа по еден погодок и и донесоа три бода на Република Ирска. Ирците и лани на два пријателски дуели имаа повеќе успех и забележаа победа од 2:0 и реми без голови.

За 3 дена ќе играме во Легница со Полска, а на 27. март ривал ќе ни биде Грузија.

Денеска Полска и Грузија ремизираа 2:2. На ЕП во Англија годинава во мај ќе се пласираат сите победници од осумтте групи и 7 најдобро второпласирани селекции. Домаќинот Англија има загарантиран настап на шампионатот од 4. до 20. мај.

Најново во Фудбал