Очекувано има голем интерес

Респект за хероите, толпа народ им посака среќа на ЕП во Полска (Видео)

Голем интерес има за дружба со младите фудбаслки херои на Македонија, а во тек е хепенингот на комплексот терени на ФФМ со нашите ѕвезди, кои обебзедија историски пласман на Европското првенство во Полска

објавено: 19 март 2017 - 14:22

Голем интерес има за дружба со младите фудбаслки херои на Македонија, а во тек е хепенингот на комплексот терени на ФФМ со нашите ѕвезди, кои обезбедија историски пласман на Европското првенство во Полска. 

Победите, квалитетот, но и неверојатниот дух и атмосфера и пред се скромноста на нашите млади фудбалери им донесоа огромен почит од македонските симпатизери на најважната споредна работа на светот.

Толпа народ пристигна во населбата Аеродром во Скопје да биде со момците што ја испишаа фудбалската историја кај нас и се првата генерација што ќе игра на големо натпреварување. И им посакаа добар настап на ЕП во Полска.

Најново во Фудбал