Пристигна и десниот бек од Португалија

Ристовски: Да го зацврстиме карактерот пред мечевите во Лигата на Нации

Стефан Ристовски вели дека оваа репрезентација има карактер и одлична атмосфера, а сето тоа со дуелите против Финска и Азербејџан само треба да се потврди и засили, за да бидеме подготвени за предизвикот наречен Лига на Нации

објавено: 20 март 2018 - 11:08

Стефан Ристовски вели дека оваа репрезентација има карактер и одлична атмосфера, а сето тоа со дуелите против Финска и Азербејџан само треба да се потврди и засили, за да бидеме подготвени за предизвикот наречен Лига на Нации.

„Јасно ми е дека од нас се очекува да бидеме во вистинска форма за натпреварите од Лига на Нации, но на овие контролни дуели добиваме слика за тоа што не чека во иднина. Мислам дека е важно да го засилиме карактерот на тимот низ овие пресметки и да продолжиме да работиме. Атмосферата меѓу нас е одлична, секогаш ни е драго кога се враќаме во дресот на Македонија и овие десетина дена ќе ги искористиме и за поголема комуникација и поголемо зближување. Секако, се надевам дека ќе бидеме на ниво и на натпреварите против Финска и Азербејџан“, вели десниот бек на Спортинг Лисабон.

На 23. март ќе играме пријателски меч со Финска во Белек, Анталија, а 4 дена подоцна ќе ги одмериме силите со Азербејџан. Во септември го почнуваме циклусот натпревари во премиерното издание на Лигата на Нации во Д3 групата против Ерменија, Лихтенштајн и Гибралтар.

Најново во Фудбал