ТРЕБА ДА СЕ СФАТАТ НЕКОИ РАБОТИ ПОДОБРО СПОРЕД ДЕФАНЗИВЕЦОТ

РИСТОВСКИ: Со ваков судија и Шпанија немаше да победи...!

Стефан Ристовски, одбранбениот репрезентативец на Македонија е исто така незадоволен од главниот судија од Шведска кој што влијаеше врз конечниот епилог во Ереван (4:0).

објавено: 16 октомври 2018 - 21:39

Од Ереван, Огнен Дојчиновски

Фото, Петр Стојановски

Севкупно според дефанзивецот на Спортинг Лисабон, сите треба да се отрезниме од овој пораз, а од друга страна со ваков судија ниту европски великан како Шпанија немаше да победи против Ерменија.

Заврши одличната серија од 10 натпревари без пораз, низа која што траеше нешто повеќе од една година. Иако беше фатен ритам со позитивните резултати, се случи ова, но можеби и добро е со цел да се сфатат некои работи подобро.

„Се кога ќе се собере, утре никој нема да праша дали судијата, дали нешто друго, ќе пишува Македонија загубила 4:0. Ви кажувам и како навивач и како играч, така што ако правиме некоја анализа од моја гледна точка тука и судијата, верувајте и Шпанија немаше да победи, не па Македонија. На крајот на краиштата тежок пораз, затоа што пред се ете фативме еден убав залет и сега оддеднаш вака загубите со 4:0 може покажува една лоша слика. Добро ќе ни дојде за понатаму да се спуштиме на земја, па да сфатиме некои работи подобро дека и под притисок се покажуваат вистинските мажи. И со вакви натпревари ќе дојдат и вакви судии, не можеме често да играме против слаби репрезентации. И при 4:0 треба да покажеме колку сме цврсти како репрезентација", се зборовите на нашиот дефанзивец, Стефан Ристовски.

Најново во Фудбал