Ќе има 3-4 измени во однос на мечот во Скадар

Садику се враќа за дуелот со Македонија, Албанија го освежува средниот ред

Армансо Садику е најдобриот стрелец на Албанија и тој ќе се врати во стартната постава за утрешниот меч со Македонија во Струмица, а најмногу ќе се освежи гостинскиот состав во средниот ред во однос на тимот што го почна премиерниот дуел во Г групата во Скадар

објавено: 4 септември 2017 - 20:25

Армансо Садику е најдобриот стрелец на Албанија и тој ќе се врати во стартната постава за утрешниот меч со Македонија во Струмица, а најмногу ќе се освежи гостинскиот состав во средниот ред во однос на тимот што го почна премиерниот дуел во Г групата во Скадар.

Тогаш Садику го постигна првиот гол во победата на Албанија од 2:1 во Скадар. По првиот ден беше 1:1, а прекинатиот меч поради невремето продолжи следниот ден и Беким Балај не потопи со погодок во дополнителните петнаесеттина минути.

Албанските медиуми го најавија очекуваниот почетен состав на селекторот Кристијан Панучи. Стартните 11 би требало да ги предводи капитенот Мергим Маврај.

Бериша, Аголи, Хисај, Ајети, Маврај, Кукели (Баша), Абраши, Роши, Мемушај, Грезда (Љуљаку), Садику.

 

Најново во Фудбал