Доминираат во категорија на фудбалери до 19 години

Шпанија и пркоси на цела Европа со фудбалските таленти - Сите заедно против „Црвената фурија“ 9:7

Шпанија е фудбалска велесила, се помоќна како одминува времето, а во оваа земја особено внимание им се посветува на талентите. Како показател колку добро и посветено и темелно се работи со иднинте фудбалски надежи на „Црвената фурија“ се бројот на титули на Стариот континент во возрасна категорија до 19 години

објавено: 12 ноември 2017 - 13:31

Шпанија е фудбалска велесила, се помоќна како одминува времето, а во оваа земја особено внимание им се посветува на талентите. Како показател колку добро и посветено и темелно се работи со иднинте фудбалски надежи на „Црвената фурија" се бројот на титули на Стариот континент во возрасна категорија до 19 години.

Досега од сезоната 2001/2002, откако се играат европските првенства за играчи до 19 години, Шпанците имаат освоено 7 титули, а остатокот од Европа вкупно 9.

Овој податок сега е мошне интересен и за нас, бидејќи Македонија за повторно ќе игра во Елитната рунда со 28 селекции за пласман на шампионатот во Финска, закажан за периодот од 16. до 29. јули.

Токму Шпанците ќе се приклучат напролет на еден од седумтте турнири со по 4 селекции, од кои само победниците на групите, заедно со домаќинот Финска ќе играат за европската круна.

Покрај Шпанија, во Елитната рунда без квалификациски настапи ќе се приклучи и Португалија, а засега покрај Македонија на ждрепката за групите на 6. декември ќе бидат присутни и Германците, Холанѓаните, Италија, Франција, Украина, Австрија, Република Ирска, Англија, Турција, Данска, Чешка, Бугарија, Унгарија, Шведска, Норвешка, Полска, Србија, Косово. Овие селекции се сигурни за настап на послениот филтер пред Еп, а се чека исходот од уште неколку групи, кои ќе ги дадат имињата на последните 7 селекции.

Најново во Фудбал