КАДЕ Е „ВАР“ КОГА Е НАЈПОТРЕБНО?

Што гледаше шведскиот судија: Ако ова не е пенал, тогаш што е? (ВИДЕО)

За вакви ситуации без сомнение на европските и светските шампионати се проверува снимка од страна на арбитрите, но за жал на вечерашниот дуел во Ереван меѓу Ерменија и Македонија нема видео-технологија.

објавено: 16 октомври 2018 - 18:40

При негатива од 1:0, нашите најдобри фудбалери тргнаа со сите сили кон ерменскиот гол, а во 27. минута можеше многу лесно да биде досуден пенал за нас.

Пандев убаво го проигра Барди кој евидентно беше фаулиран во казнетиот простор на Ерменците, дефинитивно без сомнение еден опасен лизгачки старт кон нозете на фудбалерот на Леванте, но шведскиот судија зачудувачки ништо не досуди.

Дали Македонија е оштетена во овој случај, проценете сами:

Најново во Фудбал