Интересен состав има противникот на нашата репрезентација

Швајцарски третолигаш ударна сила на Лихтенштајн против Македонија

Швајцарскиот третолигаш Балзерс е ударната сила во репрезентацијата на Лихтенштајн и од овој тим, што е во рангот на аматерски, доаѓаат дури 8 репрезентативци на следниот противник на Македонија во квалификацискиот циклус за настап на СП во Русија

објавено: 16 март 2017 - 10:29

Швајцарскиот третолигаш Балзерс е ударната сила во репрезентацијата на Лихтенштајн и од овој тим, што е во рангот на аматерски, доаѓаат дури 8 репрезентативци на следниот противник на Македонија во квалификацискиот циклус за настап на СП во Русија.

Мечот ќе се игра во Вадуз на 24. март, а од Балзерс, кој е тотален анонимус за фудбалската јавност во Македонија, репрезентативци се октетот играчи предводени од десниот бек Мартин Рехштајнер. Само тој од тимот на Балзерс беше во стартната постава на Лихтенштајн на последниот квалификациски дуел со Италија, а сега за мечот со Македонија селекторот Рене Паурич повика уште седуммина негови соиграчи.

Главните адути се од Вадуц, тим кој секако е посериозен од Балзерс и игра во Првата швајцарска лига. Против нас ќе ги има четворица, а за потсетување овој клуб го елиминираше Силекс во овој квалификациски циклус за настап во Европа Лигата на УЕФА.

Најново во Фудбал